Барселона е во напредни преговори со играчот за врска на Милан, Франк Кеси, на кого му завршува договорот на крајот на сезоната.




Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој, па готово сигурно на лето ќе замине како слободен агент.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започна преговори со 26-годишниот играч за врска, а според последните информации двете страни се блиску до договор.




Каталонски „Спорт“ пренесува дека двете страни ги договараат последните детали и наскоро Кеси ќе стави потпис на преддоговор, а на лето како слободен агент ќе се пресели на „Камп Ноу“.