Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Запад: Силекс со гол во 90. минута го доби дербито со Вардар!

ВМФЛ – Запад: Силекс со гол во 90. минута го доби дербито со Вардар!

Eкипата на Силекс го доби дербито во Втората лига – Запад против Вардар.

Комплексот на ФФМ беше преполн, натпреварот на двата големи ривали привлекуваше огромно внимание. До предност први стигнаа кратовци со голот на Арсим Љамалари после 20 минути игра. Вардар се врати во игра и го изедначи резултатот само седум минути подоцна преку Филип Петров. Конечните 1:2 ги постави Благоја Спирковски во 90. минута од натпреварот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во прилог на Силекс, но и на Вардар во борбата за баражот оди ремито на Воска против Корави во Дебар (1:1). Ова е веќе втор натпревар во кој еден од тимовите кои претендира за една од првите две позиции да не забележи победа.

Во останатите натпревари на Западот Гостивар ја совлада Велешта со 1:0, Тетекс ја доби Беса со2:0, додека Охрид Лихнидос беше подобар од Кадино со 3:1.

На врвот на табелата сега Силекс има 31 бод и речиси сигурен во промоцијата во ПМФЛ, Воска е втора со 22, Вардар трет со 20. Втората позиција води во баражот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…