Дома Фудбал Италија Пиоли и Милан се договорија

Пиоли и Милан се договорија

Италијанскиот гигант Милан и тренерот Стефано Пиоли се договорија за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Пиоли после седум години го врати Милан во Лигата на шампиони, тимот игра одлично и се бори за Скудетото, па раководството сака да го задржи тренерот.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2024 година, а според новиот договор Пиоли ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека следната недела ќе биде официјализиран новиот договор на тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Винисиус Жуниор може да заврши во Премиер лигата, преговорите започнале!

Пред две години, Винициус Жуниор беше несомнено ѕвезда, а според некои мислења и ликовен с…