Дома Фудбал Италија Операција 2026: Милан издвои 80 милиони за нови договори на Тео, Леао и Бенасер

Операција 2026: Милан издвои 80 милиони за нови договори на Тео, Леао и Бенасер

Милан игра фантастично сезонава и конечно „росонерите“ покажаа дека се сериозен кандидат за Скудетото.

Мисијата на клубот е што побрзо да обезбедат нови договори за најважните фудбалери на тимот, а Малдини за таа цел издвоил 80 милиони евра.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза со Тео Хернандес, Рафаел Леао и Исмаил Бенасер.

Тројцата фудбалери имаат договори со „росонерите“ до 2024 година, но Милан сака да ја продолжи соработката и да им даде зголемување на платата.

Се очекува тројцата наредниот месец да стават потписи на договори до 2026 година. Тео Хернандес со новиот договор ќе заработува 4 милиони, додека Леао и Бенасер по три милиони евра.

Платите на тројцата за пет години со вклучени бонуси и данови ќе го чинат Милан точно 80 милиони евра.

Преговорите со Франк Кеси моментално се во застој, Милан му нуди 6 милиони евра по сезона, додека играчот бара 8 милиони. Следниот месец двете страни ќе имаат нова, последна средба на која ќе се обидат да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меч на денот: Дали Франција ќе и се одмазди на Португалија?

Денес продолжуваат четвртфиналните дуели на Европското првенство, а во фокусот ќе биде дуе…