Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси собраа „Ол-Стар“ тим, но од 2012 година

Лејкерси собраа „Ол-Стар“ тим, но од 2012 година

Лос Анџелес Лејкерси продолжија да го засилуваат тимот, а нивно најново засилување е Рондо, кој беше во составот и кога ја освоија титулата во 2020 година.

Рондо после титулата потпиша за Атланта која во текот на сезоната го размени со ЛА Клиперси. Тие ова лето го проследија во Мемфис со кој се договори за раскинување на договорот и како слободен играч се врати во Лејкерси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај Рондо Лејкерси го вратија Двајт Хауард уште еден член на шампионскиот тим од 2020 кој минатата сезона ја помина во Филаделфија и поранешниот суперстар и голем пријател на Леброн Кармело Ентони.

Кога сега им се приклучи Рондо Лејкерси успеаа да соберат шест играчи кои заедно настапија на „Ол Стар“ натпревар. Проблемот е што тој натпревар се одигра во 2012 година.

Пред девет години Леброн, Вестбрук, Гасол, Ентони, Хауард и Рондо беа на ист „Ол-Стар“ натпревар, а сега сите се соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ со брутален настап ги уништи Клиперс, Далас на само една победа од следната фаза

Tимот на Далас направи голем чекор напред кон следната фаза од плеј-офот. Со последниот тр…