Дома Фудбал Репрезентации Шоу на Меси против Боливија за победа на Аргентина 🎥

Шоу на Меси против Боливија за победа на Аргентина 🎥

Репрезентацијата на Аргентина вчера во петтото коло од групната фаза на Копа Америка ја победи Боливија со 4:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинците продолжија со одличните настапи во групната фаза и дојдоа до третата победа и од првата позиција одат во нокаут фазата. Вчерашниот натпревар го обележа Лионел Меси.

До предност „Гаучосите“ дојдоа во шестата минута кога Меси го проигра Гомез кој погоди за водство од 1:0. Во 33. минута судијата досуди пенал за Аргентина, одговорноста ја презема Меси и без проблеми успеа да зголеми на 2:0. До крајот на полувреме Меси постигна и уште еден гол за 3:0.

Боливија во 60. минута успеа да намали преку Савандер, меѓутоа само пет минути подоцна Лаутаро Мартинез ги постави конечните 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Иран се закани дека ќе го напушти Светското првенство!

Натпреварот помеѓу Иран и Египет на Светското првенство привлече големо внимание и пред пр…