Дома Фудбал Репрезентации Левандовски: Тажни сме, би ги дал сите мои голови за осминафинале

Левандовски: Тажни сме, би ги дал сите мои голови за осминафинале

Репрезентацијата на Полска е едно од разочарувањата на Европсктоо првенство, Полска освои само еден бод во групата со Шведска, Шпанија и Словачка и заврши на последното место.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турнирот Полска го заврши со вчерашниот пораз од Шведска (3:2), двата гола за Полска ги постига нивниот најдобар играч, Роберт Левандовски.

„Не ме теши тоа што ова е мое најдобро ЕП бидејќи постигнав три гола. Би ги дал сите голови за да играме осминадинале. Заслуживме повеќе, за се што направивме. Ова беше првенство на кое немавме среќа, не бевме ефикасни и не ги искористивме шансите кои ги имавме, затоа испаѓаме“, изјави Лвандовски.

Ќе потсетиме Полска беше во групата со Македонија во квалификациите за ЕП и тука одиграа фантастично завршувајќи на првото место со 25 бода и само еден пораз, сепак на главниот турнир потфрлија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

(Видео) Биелса по испаѓањето им се развика на новинарите: Доста веќе!

Познато е дека Марсело Биелса не е љубител на разговори со новинари, а се чини дека испаѓа…