Кошаркарите на Бруклин беа убедливи и со победа од 125:86 поведоа со 2:0 во серијата.
Бруклин оди кон финалето на Источната конференција, сега го декласираа Милвоки иако беа без Џејмс Харден. Нетси одиграа одличен натпревар и одржаа вистински лекција на Бакси. Веќе после првата четвртина беше јасно дека на Милвоки не му се пишува добро.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првата четвртина Бруклин ја доби со 36:19, додека на полувреме се замина со резултат 65:41 за Бруклин. Уште тогаш стануваше јасно дека Нетси ќе поведат со 2:0 во оваа серија и беше прашање само со која разлика ќе слават. До крајот на натпреварот доминираа Нетси и на крајот славеа со 135:86.
До победата беа предводени од Кевин Дурант кој уфрли 32 поени и додаде уште шест асистенции и четири скока. Се истакна и Кајри Ирвинг со шест асистенции и пет скокови.
Кај Милвоки најефикасен беше Антетокумпо со 18 поени, 11 скокови и 4 асистенции.
Многу добар меч гледавме и во дуелот помеѓу Денвер и Феникс. Во првиот меч од оваа серија славеа Санси со 122:105 и така поведоа со 1:0. Најефикасен кај Фениск беше Бриџс со 23 поени, додека Девин Букер и Крис Пол додаде по 21 поен.
Во екипата на Денвер повторно се истакна Јокиќ кој постигна 22 поени и додаде уште девет скока и три асистенции.