Дома Македонски спорт Мак ракомет СП остана само сон: Романките убедливо победија и во Скопје

СП остана само сон: Романките убедливо победија и во Скопје

Женската репрезентација на Македонија претрпе уште еден убедлив пораз од Романија во баражот за Светското првенство.

Романија имаше сигурно водство уште во првиот натпревар кој го добија со 22:33, а денес во Скопје запишаа уште повисока победа со резултат 20:35.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Добро го отворивме мечот и поведовме со 3:1, но тогаш гостите направија серија од 4:0 и поведоа со 3:5. Од тој момент Романките доминираа на теренот, а нашата одбрана не беше на нивото. Проблем имавме и во нападот каде што Сара Ристовска беше затворена и во првото полувреме не постигна гол.
Како што одминуваа минутите така предноста на Романките само растеше, па Мундијалот остана само сон.

На селекторот и девојките сега останува добро да се подготват за ЕП 2022 на кое ние ќе бидеме еден од домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…