Во следните четири години кошаркарската репрезентација на Македонија ќе ја води Драган Бајиќ кој доаѓа на местото на Александар Тодоров.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Главната задача на Бајиќ ќе биде да ја одведе Македонија на ЕП. Негов прв предизвик ќе бидат претквалификациите за СП.
„Благодарнот за довербата. Нормално дека е задоволство да се биде селектор на една земја, среќен сум што ќе ја водам Македонија. Дојдов тука со голема енергија и верувам дека ќе направам нешто добро. Се договоривме за четири години, но јас сакам да останам десет“.
„Сега е рано да зборувам што и како ќе играм. Само знам дека сите ќе добијат шанса, ќе дадам се од себе да го извлечам најдоброто од секој играч. Верувам во добра соработка и на репрезентацијата гледам како на семејство“, изјави Бајиќ на денешната прес-конференција.