Македонската ракометна икона Кирил Лазаров стигна до нов рекорд во Лигата на шампионите, откако го одигра својот 250-ти натпревар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нант беше подобар од Кјелце во осминафиналето, па така Лазаров повторно ќе игра во четвртфинале на ЛШ.
Македонскиот селектор вели дека рекордите не се случајни и дошле со напорна работа.
„Нант ми помогна да се развијам. Испишавме историја против Кјелце, иако никој не ни даде шанса. Секогаш имам високи цели и ги сакам најголемите предизвици. Рекордите доаѓаат со напорна работа, а сите успеси во мојата кариера се заслужени“, кажа Лазаров.