Нејмар пред четири години ги сруши сите рекорди бидејќи за неверојатни 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.
Бразилецот во каталоскиот клуб играше четири години и освои се што можеше, а потоа ги изненади сите со одлуката да се пресели во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ тогаш ја активира откупната клазула од 222 милиони евра без никакви преговори со Каталонците. Барсе потоа се обиде да го врати Нејмар и тој сакаше да се врати, но од тоа не испадна ништо.
Нејмар сега тврди дека е среќен во ПСЖ и е подготвен да го продолжи договорот кој му истекува следното лето.
Не е тајна дека ПСЖ и Нејмар веќе преговараат за продолжување на договорот и како се чини Бразилецот нема брзо да го напушти Париз. Le Parisien објави дека договор е веќе постигнат, односно дека Нејмар ќе потпише договор до летото 2026. година.
PSG is on the verge of extending Neymar's contract until 2026. (Source: Le Parisien) pic.twitter.com/fjXKE2dPek
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 19, 2021