Новиот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров ги кажа неговите очекувања на првиот собир на ракометарите.
Најдобриот македонски ракометар во историјата, Кире Лазаров, сака да изгради модерна ракометна репрезентација.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Сакам модерна репрезентација. Нашата публика не може да ја лажеме, ова е ракометна нација. Ги знаеме проблемите во нашата репрезентација. Мора да работиме постепено, а треба и да мислиме на резултатите и да го продолжиме учеството на големите натпреварувања. Со мотие соработници ќе се посветиме целосно на репрезентацијата. Имаме квалитет и кај ракометарите и во стручниот штаб“, истакна Лазаров.
„Времето е тука, го имаме. Со моите соработници и јас како селектор ќе се посветиме максимално. Имам верба. Имаме конкретен план и за Данска и за сега и за иднината“, додаде селекторот.