Фудбалерите на Ливерпул очајно ја започнаа 2021 година, а тоа особено се однесува на натпреварите на „Енфилд“.
Сетоа тоа поседно тешко му паѓа на Тиаго Алкантара, кој минатото лето пристигна во Ливерпул како големо засилување од Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Алкантара досегашниот дел од сезоната беше вистински „хорор“ и тоа сигурно не можеше ни да го претпостави кога дојде во клубот.
Имено, Тиаго поради повреда го пропушти почетокот од сезоната, а на домашен терен во дресот на Ливерпул запиша шест натпревари и се уште не почуствувал ниту една победа.
Тој доживеа дури пет порази на Енфилд и едно реми и се уште не знае за победа. До сега одигра 17 натпревари за „црвените“ и се уште нема гол и асистенција.