Тимот на Ливерпул е во сериозна криза и запиша четири порази по ред, а такво нешто не им се случило уште од 1923 година.
Ливерпул одлично ја започна сезоната, но поради големиот број на повреди тимот влезе во криза и во последно време ја загуби самодовербата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил упати жестоки критики и истакна дека играчите на Ливерпул изгледаат како зомби.
„Знаеме дека Ливерпул има многу проблеми со повреди, дека играат пред празни трибини, но за сите е исто. Тука станува збор за недостаток на промени. Потребна е поинаква идеја. Играчите на Ливерпул делуваат изгубено, речиси како зомби на теренот. Само шетаат еден позади друг и исто размислуваат“, изјави Невил.