Ширум светот во понискиот ранг на натпреварување гледачите и играчите се сведоци на секакви сцени, но ретко се случува да бидат очевидци на момент кога судија во тек на натпревар потегнува пиштол.
Ваква невообичаена сцена се случила во Бразил, кога на натпреварот помеѓу нисколигашите Ориенте и Индустријал судијата извадил пиштол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, во 75. минута главниот судија досудил пенал за Ориенте, потоа тој бил опкружен од играчите на Индустријал и добил удар од еден од нив.
Тогаш тој ги загубил нервите, успеал да стигне до клупата за резерви и од торбата извадил пиштол. Со пиштолот во раката тој почнал да трча кон играчите на Индустријал, која почнале да бегаат по теренот.
Подоцна се открило дека судијата по професија е полицаец и дека кога добил удар, играчот му рекол: „Фати ме ако можеш“.