Дома Фудбал Репрезентации Со победа заокружени солидните квалификации: Ѓоргиевски и Миовски погодуваа против Црна Гора ?

Со победа заокружени солидните квалификации: Ѓоргиевски и Миовски погодуваа против Црна Гора ?

Репрезентацијата на Македонија до 21 година иако беше ослабена денес успеа да слави победа против Црна Гора со 2:1.

Голем број стандардни членови на оваа селекција не беа во комбинација за овој дуел, но и со еден ваков изменет состав ја совладавме Црна Гора.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Гледавме натпревар премногу шанси, но ние константно имавме иницијатива. Голот за водство го постигнавме после една полуконтра во 13 минута. Трапановски тогаш беше асистент, а мрежата на гостите ја погоди Марко Ѓоргиевски.

Со резултатот 1:0 заминавме на полувреме.

Во вториот дел работите не се променија многу. На теренот сликата беше скоро идентична, нашите момци имаа иницијатива и создаваа по некоја шанса. Еден гол на Ацковски беше поништен поради прекршок во напад.

Сепак набрзо по тој добивме пенал кој успешно го реализираше Бојан Миовски. Иако Црна Гора немаше некоја игра во 85. минута капитенот на Црна Гора, Крстовиќ постигна гол за конечни 2:1.

Со овој триумф младинците ја обезбедуваат втората позиција во групата веднаш зад првопласираната Шпанија која ќе биде патникот на ЕП од нашата група.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…