Дома Фудбал Останато Седлоски го раскина договорот со Динамо Загреб

Седлоски го раскина договорот со Динамо Загреб

Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Б-тимот на Динамо Загреб, откако спогодбено го раскина договорот со клубот.

Седлоски за тренер на Б-тимот на Динамо беше промовиран на 13 мај, а причина за неговото заминување е коронавирусот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Седлоски и клубот проценија дека во оваа ситуација најдобро е да се разделат, со оглед на тоа дека голем број натпревари се ближат, а македонскиот тренер има проблеми со вирусот.

46 годишниот Седлоски четири пати бил во самоизолација, а пред два дена неговиот тест на Ковид-19 бил позитивен.

Динамо веднаш му најде замена на Седлоски на тренерското место на Б-тимот, каде што ќе седне Иван Прелец, поранешен фудбалер и тренер на младите категории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …