Дома Фудбал Италија Ништо од пресметката со Меси: Еве колку натпревари ќе пропушти Роналдо

Ништо од пресметката со Меси: Еве колку натпревари ќе пропушти Роналдо

Португалската фудбалска федерација денес објави дека Кристиано Роналдо е позитивен на Ковид 19.

„Тој е добро, нема никакви симптоми и се наоѓа во изолација“, соопшти Федерацијата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Напаѓачот на Јувентус не покажа никакви симптоми, но ќе мора да биде изолиран во следните 14 дена.

Тоа значи дека тој ќе го пропушти утрешниот натпревар со Шведска во Лигата на нации, гостување кај Кротоне во Серија А во сабота, но и натпревар со Динамо Киев следниот вторник во Лигата на шампионите.

Под знак прашалник ќе биде Португалецот и за натпреварите против Верона на 25 октомври во Серија А и големото дерби со Барселона 28 октомври во Лигата на шампиони.

Во прилог на Роналдо му оди новиот правилник во Серија А според кој потребен е само еден негативен тест за да може да продолжи со тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…