Дома Трансфер зона Жиру призна дека во јануари може да си замине од Челзи

Жиру призна дека во јануари може да си замине од Челзи

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру изјави дека не ја исклучува можноста во јануари да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Минатата зима бев блиску до трансфер во италијанското првенство. Таму играат многу големи фудбалери, меѓутоа трансферот не се реализираше. Ќе видиме што ќе се случи во блиска иднина. Во јануари ќе решам во зависност од тоа какви опции имам“, изјави Жиру.

„Не исклучувам ништо, но засега не се гледам себе си во француското првенство. Сакам да играм на највисоко ниво во Европа уште 2-3 години и потоа да пробам искуство во САД“, додаде Французинот.

Договотот на Жиру со Челзи завршува на крајот на сезоната, а неколку италијански клубови покажуваат интерес за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…