Ливерпул го доведе голманот на Флуминенсе, Марсело Питалуга, потвди денес клубот од „Енфилд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
17-годишниот голман минатата година го освои Светското првенство за играчи до 17 години и важи за еден од најталентираните голмани во светот.
Ливерпул ја победи конкуренцијата и го обезбеди неговиот потпис, а Марсело веднаш ќе му се приклучи на младинскиот тим на „црвените“.
Минатата сезона Марсело дебитираше за првиот тим на Флуминенсе, каде што брани братот на Алисон Бекер, кој пак му дал препораки на Ливерпул.
Според медиумите на Островот, Ливерпул за потписот на младиот бразилски голман платил 2 милиони евра.
Welcome to the Reds, Marcelo Pitaluga ??
— Liverpool FC (@LFC) October 8, 2020