Ливерпул во следните денови би требало да го комплетира трансферот на млад бразилски голман.
Станува збор за 17-годишниот Марсело Питалуга од Флуминенсе, а бразилскиот клуб потврди дека е постигнат договор за трансфер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тинејџерот важи за еден од најголемите таленти во Бразил, веќе го следат скаути на многу европски клубови, па Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.
„Црвените“ испратиле понуда од 2 милиони евра која бразилскиот клуб ја прифатил, па во наредните денови се очекува официјализација на трансферот.
Бразилецот кога ќе пристигне во Ливерпул ќе му се приклучи на младиот тим на „црвените“.
? VIDEO | 17-year old goalkeeper Marcelo Pitaluga with some great saves for Fluminense.
— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) September 5, 2020
The Brazilian goalkeeper is set to become a Liverpool player according to multiple reports.pic.twitter.com/jXX1mACPQu