Дома Топ вести Куман го сака дефанзивецот на Интер, Барса нуди трампа

Куман го сака дефанзивецот на Интер, Барса нуди трампа

Роналд Куман ова лето ќе направи голема реконструкција во Барселона и веќе направил список од неколку засилувања.

Куман сака да донесе на „Камп Ноу“ фудбалери кои добри ги познава и врз кои може да се потрпре, па неговата најнова желба е неговиот сонародник Стефан де Врај.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот сака да ја засили одбраната и смета дека Де Врај би бил идеален партнер за Пике.

Барселона е спремна да му понуди на Интер трампа која ќе вклучува Самуел Умтити и 20 милиони евра.

Сепак, тешко дека „нероаѕурите“ ќе се согласат да го пуштат Де Врај, кој оваа сезона беше најдобар дефанзивец во тимот на Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…