Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел ги коментираше шпекулациите за евентуално доаѓање на Лионел Меси во Париз.
Тухел тврди дека Меси е добредојден во неговиот тим, но сепак изрази сомнеж дека Аргентинецот може да ја напушти Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тој е добредојден. Кој тренер би му кажам „не“ на Меси? Сепак јас мислам дека тој ќе ја заврши кариерата во Барселона“, истакна Тухел.
„Загубивме многу играчи, а сега ќе се разделиме со Тиаго Силва и Чупо-Мотинг. Треба да го искористиме трансферниот прозорец за да го комплетираме тимот. Сезоната ќе биде многу тешка, бидејќи нема да има никаков одмор. Ќе зборуваме за трансферите следните денови“, додаде Тухел.