Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА ќе ги премести осминафиналните дуели од Лигата на шампиони

УЕФА ќе ги премести осминафиналните дуели од Лигата на шампиони

Преостанатите четири реванш натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите, УЕФА планира да ги премести сите да се играат во Порто и Гимараеш.

Бидејќи последниот турнир во елитното натпреварување се игра во Лисабон на 12 август, ова во голема мерка би ја олеснило организацијата според протоколите за коронавирусот, но и ќе им наштети на некои тимови.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во тој случај, најлошо би поминал Манчестер Сити, кој има предност од 2:1 по гостувањето кај Реал Мадрид и со тоа ќе ја загуби предноста на домашниот терен. Бројни светски медиуми јавуваат дека „граѓаните“ лобираат против ваквиот исход, а слично се чувствуваат и во Барселона, која очекуваше реванш на својот стадион по ремито во Неапол.

Јувентус исто така го чека реваншот од ЛШ во негатива, со оглед на тоа дека загуби од Лион 1:0, додека Баерн е можеби најбезгрижен, затоа што рутински го совлада Челзи во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Левандовски: Не морам да се правдам, со години го носам товарот на цела Полска

Напаѓачот на Барселона и капитен на полската фудбалска репрезентација, Роберт Левандовски,…