Гонзало Игуаин предвреме го заврши денешниот тренинг на Јувентус и е под знак прашалник за дуелот против Милан во рамки од Купот на Италија.
Првите прегледи покажаа дека не станува збор за повреда која може да го тргне од терените подолг период, меѓутоа постои голем ризик за Игуаин да го пропушти реваншот против Милан во полуфиналето од Купот на 12-ти јуни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од тимот на „старата дама“ потврдија дека се работи за повреда на десниот бутен мускул, но за среќа повредата не е од посериозен карактер.
Игуаин би можел да го пропушти и евентуалното финале на Купот кое на програмата е на 17-ти јуни.
During today's training session, Gonzalo Higuain suffered a muscle strain on the posterior region of his right thigh. The tests performed at J⎮Medical have ruled out any lesions. His condition will be monitored in the coming days. pic.twitter.com/wG6ZlcY4oR
— JuventusFC (@juventusfcen) June 4, 2020