Дома Фудбал Италија Проблем за Јувентус: Игуаин не сака да се врати во Италија

Проблем за Јувентус: Игуаин не сака да се врати во Италија

Гонзало Игуаин јасно им ставил до знаење на челниците на Јувентус дека не сака да се врати назад во Италија додека не стивне големата криза со коронавирусот, пренесува „Скај Италија“.

Напаѓачот беше првиот од Јувентус кој ја напушти земјата по воспоставувањето на карантинот низ целата територија на Италија, а неговите соиграчи Даниеле Ругани, Блез Матуиди и Пауло Дибала беа позитивни на КОВИД-19.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Само по 14-дневен период на карантин, на Игуаин му беше дозволено да лета во Аргентина, каде неговата мајка води борба со карцином.

Тренинзите во италија најверојатно ќе почнат на 4-ти мај, но сите странски фудбалери кои се враќаат во Италија претходно треба да поминат во задолжителен 14 дневен карантин пред да се приклучат на тимот.

„Скај Италија“ тврди дека Игуаин не размислува да се врати во Италија и сака да остане со својата мајка во Аргентина, па дури е спремен да го раскине договорот со клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ испишува: На „Вембли“ може да го прескокне Матеус и да дојде на чекор од Малдини

До најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал остануваат уште само три дена, а бит…