За краткиот престој на клупата на Баерн Минхен тренерот Ханзи Флик веќе го привлече вниманието на други клубови, пренесува „Билд“.
Неговиот договор со Баварците истекува на лето, а раководството на клубот не сака да започне преговори за продожување на соработката до завршување на сезоната.
Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓
Флик го презеде тимот во ноември после отказот на Нико Ковач, првично како приверемено решение, но потоа клубот реши да го задржи до крајот на сезоната.
Баерн покажува одлични игри и резултати под водство на Флик, па раководството сака да виде како ќе се справи во Лигата на шампиони, за да му понуди долгорочен договор.
„Билд“ открива дека Флик сигурно повеќе не сака да биде асистент и дека ќе започна самостојна кариера, а покрај германските, за него интерес покажуваат и некои англиски клубови.