Поранешниот фудбалер на Барселона, Емануел Пети смета дека мега-ѕвездата на Каталонците, Лионел Меси не е способен да игра на исто ниво и во Англија.
Во изминатите неколку дена се појави вест дека Меси поради незадоволство може да ја напушти Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголемата ѕвезда во историјата на Каталонија наводно е незадоволна од тоа како работи управата на Барселона, па медиумите го поврзуваат со трансфер во Премиер лигата.
Сепак, Емануел Пети, кој своевремено настапуваше за Барселона, но и за Арсенал смета дека Аргентинецот не е за во Премиерлигата.
„Искрено, мислам дека Меси не би можел да се навикне на интензитетот на играње во Премиерлигата. Во Шпанија ужива заштита од судиите. Знам дека навивачите би сакале да го видат во дресот на Сити, но не разбирам зошто клуб за толку многу пари би донел играч кој има 32 или 33 години“.
„Ако го сакале Сити требало да се обиде да до доведе пред 3 години, сега е доцна. Меси не е машина како Кристиано Роналдо кој и со 35 години доминира. Роналдо е животно, а Меси во нозете има уште најмногу 2-3 сезони на врвно ниво. Сигурен сум дека и тој знае дека крајот е блиску“, истакна Пети.