Дома Топ вести Започна ловот на слободни агенти – ова се најзвучните имиња!

Започна ловот на слободни агенти – ова се најзвучните имиња!

Во јануарскиот преоден рок во центарот на вниманието ќе бидат фудбалерите на кои им истекува договорот на крајот на сезоната.

Многу европски ѕвезди се влезени во последната година од договорот, па веќе во јануари ќе бидат во можност да преговатаат со заинтересираните клубови и да потпишат претдоговор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми истакнаа неколку фудбалери, кои доколку не потпишат нови договор, на лето ќе можат да бираат каде да ја продолжат кариерата.

Едисон Кавани веќе постигна договор со Атлетико Мадрид и на лето ќе стане „јорганџија“ без обештетување, а европските гиганти веќе ја започнаа битката за другите големи имиња на кои им истекува договорот.

Од најзвучните имиња се истакнуваат Лука Модриќ од Реал Мадрид, Кристиан Ериксен (Тотенхем), Едисон Кавани (ПСЖ), Дрис Мертенс (Наполи), Немања Матиќ (Ман. Јунајтед), Вилијан (Челзи), Ерик Баи (Ман. Јунајтед), Вертонген (Тотенхем)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…