Во јануарскиот преоден рок во центарот на вниманието ќе бидат фудбалерите на кои им истекува договорот на крајот на сезоната.
Многу европски ѕвезди се влезени во последната година од договорот, па веќе во јануари ќе бидат во можност да преговатаат со заинтересираните клубови и да потпишат претдоговор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Англиските медиуми истакнаа неколку фудбалери на кои им истекува договорот и кои во јануари можат да потпишат преддоговор со новите клубови.
Од најзвучните имиња се истакнуваат Лука Модриќ од Реал Мадрид, Кристиан Ериксен (Тотенхем), Едисон Кавани (ПСЖ), Дрис Мертенс (Наполи), Немања Матиќ (Ман. Јунајтед), Вилијан (Челзи), Ерик Баи (Ман. Јунајтед), Јан Вертонген (Тотенхем)…