Најнесреќниот фудбалер поради ВАР сезонава дефинитивно е легендарниот напаѓач Марио Гомез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Марио Гомез го носи дресот на Штудгарт со кој се бори за враќање во Бундес лигата. Гомез оваа сезона постигна два гола на 13 натпревари, а да не беше ВАР ќе имаше дури – шест повеќе! ВАР на Гомез му поништи шест гола на три натпревари.
„Ова е шести пат да станува збор само за сантиметри. Кога ќе ги видам сликите за мене тоа иста одалеченост како и минатиот пат. Напаѓачите како мене зависат од нафрлувања и додавања на работ на офсајд. ВАР знае да биде фрустрирачки. Можеби сум оној играч кој ги нервира судиите, па затоа ми ги поништуваат головите“, изјави Гомез.