Дома Трансфер зона Гомез си замина од Аталанта: Чувството е чудно, Бергамо засекогаш ќе биде во моето срце

Гомез си замина од Аталанта: Чувството е чудно, Бергамо засекогаш ќе биде во моето срце

Алехандро Гомез во наредните денови ќе ја напушти Аталанта и ќе потпише за Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гомез во претходните сезони беше најдобар играч на Аталанта, но поради конфликтот со тренер Џан Пјеро Гасперини беше ставен на трансфер листата.

Аргентинецот се поврзуваше со неколку клубови во Италија, но како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Севиља.

Аталанта и Севиља се договорија кога во прашање е трансферот, а Гомез денес отпатува на лекарски прегледи во Севиља.

„Би направил се исто како од првиот ден тука во Бергамо. Испишавме историја и овој клуб сега е еден од најдобрите во Европа. Чувството е навистина чудно, бев долги години тука. Бергамо засеогаш ќе биде во моето срце“, изјави Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…