Дома Трансфер зона „Во контакт сме со Аталанта, работиме да го доведеме Гомез“

„Во контакт сме со Аталанта, работиме да го доведеме Гомез“

Алехандро Гомез веќе некое време се наоѓа на излезни врати од Аталанта.

Се започна кон крајот на минатата година кога Гомез влезе во расправија со тренерот Џан Пјеро Гасперини кој потоа го исфрли од тимот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако Гомез беше еден од најдобрите играчи во клубот изминатите години одлучено беше дека е најдобро да си замине. Се поврзуваше со италијанските клубови Интер, Милан, Јувентус…Но сега во игра влезе и Севиља. Дека не се работи само за медиумска шпекулација потврди спортскиот директор на шпанскиот клуб, Мончи.

„Можам да потврдам дека сме во контакт со Аталанта за Гомез. Работиме на тоа, но се уште има доста работа“, порача Мончи.

Наводно, Севиља сака да го доведе Гомез на позајмица до крајот на сезоната со опција да го откупи неговиот договор за осум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…