Интересна изјава за германските медиуми даде поранешниот германски репрезентативец и напаѓач на Баерн Минхен, Марио Гомез.
Имено, Гомез верува дека сегашниот напач на Баерн, Томас Милер ќе биде идниот голем менаџер, тој во него гледа „нов“ Јирген Клоп. За Баерн Гомез постигна 113 голови на 174 натпревари, а во овој момент негов омилен менаџер е Клоп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Убеден сум дека Томас Милер ќе прерасне во новиот Клоп. Тој може да ја преземе неговата улога. Јас сум голем обожавател на Јирген од секој аспект, без разлика дали е коментатор или мој противник од клупата. Задоволство е да се гледа неговата работа и да се слуша што зборува“, изјави Гомез.