
Во пролетта 2025 година, ТВ Арена Спорт претстави четири нови канали како дел од трансферот на содржини од Спорт Клуб на нивната програма. Тогаш, љубителите на спортот добија специјализирани канали за тенис и автомото спорт (Арена Тенис и Арена Адреналин), како и премиум канали 4 и 5. Сега, Арена Спорт подготвува нов проект кој ќе започне на есен.
Станува збор за ТВ Ареница, програма која целосно ќе се посвети на спорт за деца и млади, проект кој досега не е виден во овој регион.
„Нова генерација доаѓа на терен. Малите шампиони сега имаат свој канал – место каде спортот, забавата и љубовта кон играта се спојуваат од првиот чекор,“ се наведува на Инстаграм страницата на ТВ Ареница.
Добредојдовте на Ареница ТВ, новиот детски спортски канал на Арена Channels Group! Моето право да избирам спорт.
Така, натпреварувањата како Аренина Лига на шампиони, која ги собира основците од различни делови на Белград и Ниш, ќе добијат свој канал, каде се најавува и многу дополнителна содржина.