Дома Македонски спорт Младите каратисти тргнаа за Чиле на јуниорското СП

Младите каратисти тргнаа за Чиле на јуниорското СП

Младите каратисти до 21 година ги завршија подготовките за јуниорското Светско првенство и се упатија кон Чиле

Нашите каратисти кои ќе настапат на XI Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври во Сантјаго, Чиле ги завршија предвидените тренинзи. Во хотелот „Гогов” во Пехчево на завршните подготовки учествуваа каратистите во борби во состав: Бојан Костов, кумите машки, кадет -52 кг., Фахик Весели, кумите машки, У21 -67 кг., Доан Османи, кумите машки, У21 -75 кг., Вероника Костовска, кумите женски, У21 -61 кг., Ангела Мојсовска, кумите женски, У21 -68 кг. предводени од нивните тренери-селектори на државната репрезентација Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Под водство на селекторот-тренер на државната репрезентација во кати Ивана Аврамова ќе настапат и натпреварувачите во ката машки Александар Неделковски и ката женски Владанка Аврамова.

Натпреварувачите заминаа вчера со автобус до Софија и утре авионски преку Мадрид до Сантаго де Чиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…