Летниот трансфер период е зад нас, најдобрите клубови во Шпанија добро се засилија.
Делува дека Реал Мадрид беше најактивен на пазарот, но ниту Каталонците не штедеа. Сепак, конечниот суд ќе дојде на крајот од сезоната, но за двата клуба најдобро би било во следните трансфер периоди да се концентрираат на средниот дел од теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ денеска пренесува дека Барса и Реал се интересираат за поранешниот играч на Бетис, а сегашен на Наполи, Фабијан Руиз. Младиот играч за врска беше еден од хероите на Европскиот шампионат за млади, а неговата цена се проценува на 60 милиони евра.
Де Лаурентис наводно веќе преговара околу продолжување на соработката, но во Шпанија би имал двојно поголема плата.