Дома Топ вести Одлуката е донесена: Дибала заминува во јануари!

Одлуката е донесена: Дибала заминува во јануари!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Пауло Дибала сигурно ќе го напушти Јувентус и тоа е само прашање на време.

Јувентус донесе одлука да го продаде Аргентинецот, па откако пропадна неговиот трансфер ова лето, „старата дама“ ја одложи продажбата за шест месеци.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сега прашање е каде ќе заврши Дибала. ПСЖ го сакаше како замена за Нејмар, но Бразилецот остана во Париз.

Интерес за Дибала покажуваат уште Тотенхем и Манчестер Јунајтед, па останува да се види кој ќе испрати примамлива понуда.

Јувентус би ги продал и Дибала и Манџукиќ, за да ги израмни сметките, но и да добие пари за својата прва голема мета, Енрико Киеса од Фиорентина.

Очигледно е дека Дибала е надвор од плановите на тренерот Сари и тоа тешко може да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…