Репрезентацијата на Хрватска која е актуелен светски вицешампион вчера пристигна во Словачка каде што ќе го игра натпреварот во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Секако, селекцијата на Хрватска беше пречекана од голем број фанови и новинари, а во таа прилика медиумите во оваа земја го истакнуваа однесувањето на Лука Модриќ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Модриќ не се однесуваше како бројните светски фудбалски ѕвезди, не бегаше од фановите и камерите. Симпатичниот Лука им пријде на децата во дресови од Хрватска и не му беше да се фотографира и да дели автограми. Тој е типичен пример за скромен Балканец“, пишува порталот „Спортки“.
На нивниот сајт има и видео од пристигнувањето на Модриќ и друштвото, истото можете да го погледнете тука.