Дома Топ вести Шпанските и италијанските клубови „царуваа“ на трансфер пазарот!

Шпанските и италијанските клубови „царуваа“ на трансфер пазарот!

Шпанските и италијанските елитни клубови ова лето не штедеа пари, беа најактивни на трансфер пазарот и потрошија рекордни суми за трансфери.

Клубовите од Примера потрошија вкупно 1,3 милијарди евра за засилувања ова лето, а повеќе од половина од потрошените пари се од Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ова е нов рекорд за шпанските клубови, а досегашниот рекорд беше 888 милиони евра за селекции минатото лето.

Жоао Феликс е најскапиот трансфер во Шпанија за чиј потпис Атлетико Мадрид плати 126 милиони евра, по што следат Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона за 120 милиони евра и Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид за 100 милиони евра.

20-те клубови од Ла Лига, исто така, остварија приход од 992 милиони евра од продажба на фудбалери ова лето.

Во Италија, екипите во Серија А, исто така поставија рекорд и ова лето на засилувања потрошија 1,1 милијарди евра, а најактивни на пазарот се шампионите Јувентус и Интер.

Рекорден износ за трансфери ова лето потрошија и 18-те клубови во Бундеслигата во износ од 705 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чаби Алонсо може да го замени Тен Хаг на „Олд Трафорд“

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…