Дома Фудбал Официјално: Еве кога ќе се одигра дуелот Селта – Реал Мадрид!

Официјално: Еве кога ќе се одигра дуелот Селта – Реал Мадрид!

Шпанската фудбалска федерација одлучи да го закаже заостанатиот натпревар помеѓу Селта и Реал Мадрид на 17 мај, кој ќе се одигра во пресрет на последното коло во Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Објаснувањето за донесената одлука беше дека и двете екипи имаат обврски со европските настапи, по која паднаа во вода сите протести од страна на Барселона.

Екипата од Галиција е голема надеж за Каталонците и се надеваат дека ќе може да го запре Реал во походот кон титулата, а потврда за тоа е елиминацијата на „кралевите“ во Купот на Кралот токму од Селта.

Реал до крајот ќе зависи само од себе и доколку успее да победи на сите натпревари ќе стигне до толку посакуваната домашна титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…