Дома Фудбал Балотели испрати порака до навивачите на Фламенго

Балотели испрати порака до навивачите на Фламенго

Марио Балотели им се заблагодари на навивачите на Фламенго за поддршката, откако се одлучи да се врати во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балотели на крајот од претходната сезона го напушти Марсеј и како слободен агент чекаше на нов ангажман.

За неговиот потпис се бореа бразилски Фламенго и италијанска Бреша, а на крајот се одлучи да се врати дома.

Фламенго ја објави изјавата со која потврдува дека не биле во можност да договорат доаѓање на Балотели, а репрезентативецот на Италија остави порака за навивачите на овој клуб.

„Им благодарам на навивачите на Фламенго за сите пораки и покажувањето љубов која ја примив од вас во последните денови. Ви посакувам среќа на сите вас.“ – напиша Балотели.

Бало договори едногодишна соработка со Бреша, која се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна статистика: 62 удари кон голот, 0 погодоци – Турција елиминирани од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Турција, по одигрувањето на двата натпревара во групата Д на…