Дома Фудбал Италија Конте: Лесно беше да го изберам Интер (видео)

Конте: Лесно беше да го изберам Интер (видео)

Антонио Конте денес ја имаше првата пресконференција како нов тренер на Интер и одговараше на новинарски прашања.

Миланскиот гигант денес ги започна подготовките, а Конте уште еднаш повтори дека нема граници и дека целта на неговиот тим е највисок пласман.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Интер беше лесен, логичен избор за мене. Говориме за клуб со фантастична традиција, една од најбогатите истории во светскиот фудбал. Знам каква е состојбата, но ја делиме истата желба со челниците – да изградиме од почеток нешто ново, нешто значајно“, истакна Конте.

„Ова ќе биде тежок и долг пат за сите нас, но верувам дека ќе успееме. Јас како човек не гледам граници на можностите и истото ќе биде и случај со мојот нов тим. Новиот Интер нема да знае за лимити, ќе игра за да победи на секој натпревар. Не е тајна дека разликата меѓу Интер и Јувентус е голема, а и Наполи изминатите сезони беше пред нас. Наше е да ја намалиме разликата, да почнеме амбициозно и од самиот почеток да наметнеме победнички дух“, заклучи Конте.

Едно од неизбежните прашања на пресконференцијата беа и престојните натпрвари против Јувентус.
„Тоа сигурно ќе бидат емоционални натпревари за мене, но само додека не почне натпреварот. После ќе бидат жесток ривал на Јувентус, како и во целата сезона“, одговори Конте.

Конте на крајот потврди дека целосно се согласува со одлуката на раководството да ги стави на трансфер листа Икарди и Наинголан, играчи кои не се во плановите за следната сезона.

https://youtu.be/5PAl7kCo5GM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се јави се човекот поради кого Модриќ повеќе не ја носи „десетката“ на дресот

Лука Модриќ стана нов фудбалер на Милан, а ќе им се приклучи на соиграчите на почетокот на…