Реал Мадрид во досегашниот дел од преодениот рок потроши 303 милиони евра за ангажирање на петмина фудбалери.
Детскиот сон на Еден Азар е исполнет, конечно стана играч на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако „кралевите“ минатата недела го официјализираа трансферот вреден 100 милиони евра Азар вчера беше претставен пред навивачите на „Бернабеу“.
На култниот стадион во Мадрид се собраа околу 50.000 навивачи кои во наредните недели очекуваат нови засилувања.
На вчерашното претставување на Азар група навивачи на Реал го скандираа името на Килијан Мбапе и бараа клубот да го доведе.
„Го сакаме Мбапе, го сакаме Мбапе…“, скандираа навивачите на Реал кои присуствуваа на презентацијата на одличниот Белгиец.
MI AFICIÓN, FICHAMOS A HAZARD Y…
¡¡QUEREMOS A MBAPPE!! pic.twitter.com/sqLOSZyeBL— NachoRM (@Nacho_RM_) June 13, 2019
Ќе потсетиме, освен Азар за Реал досега потпишаа: Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферланд Менди и Родриго.