Денес на 88 годишна возраст почина доајенот на македонското спортско новинарство Ивко Панговски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Панговски долго време пренесуваше спортски натпревари на „Радио Скопје“. Кариерата ја започна во 1948 година и таму работеше се до 1989 година, односно 41 година.
Во тие 41 година Панговски коментираше голем број важни настани како пливачкиот маратон во Охрид во 1962 година, европски и светски првенства, како и многу натпревари на Вардар.
Панговски беше добитник на голем број награди помеѓу кои „Златната плакета“ во Фудбалскиот сојуз на Југославија, исто така напиша неколку книги посветени на спортот.