Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека двете најголеми ѕвезди Алексис Санчез и Месут Озил ќе останат на „Емирати“, но призна дека на тимот му се потребни засилувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Санчез изјави дека сака да остане во Лондон додавајќи дека сака да игра во клуб со победнички менталитет и да освојува трофеи, а вака Венгер ја прокоментира таа изјава.
„Има само еден тим во Лондон. Лично сметам дека Санчез е среќен тука, се уште не сме го продолжиле неговиот договор, но се надевам дека ќе остане во клубот. Точно е дека во минатото се случувало да продадеме играч на ривалски тим поради финансиски причини, но тоа не е случај повеќе“, изјави Венгер.
Венгер иако е убеден дека Санчез и Озил ќе останат на „Емирати“, сепак признава дека на тимот му се потребни засилувања.
„Оваа сезона е чудна. Дваесет меча сме без пораз, но не можам да кажам дека не е полна со дамки бидејќи ги има. Основата е исклучително силна, но тимот, секако, мора и да се засили“, истакна искусниот менаџер.