Легендарниот фудбалер на Арсенал, Роберт Пирес смета дека менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер ќе потпише нов договор со клубот од „Емирати“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Французинот, кој е на клупата на „топџиите“ од 1996 година, договорот му истекува на лето, но и покрај уште една разочарувачка сезона на маса има понуда за нов договор.
Според последните информации од Островот, Венгер му соопштил на раководството дека сака да остане и побарал договор на две години.
„По мое мислење Венгер ќе го продолжи договорот на најмалку една година. Тој е мотивиран и спремен. Има понуда на маса и мора да потпише бидејќи има голема поддршка од раководството“, изјави Пирес.
Arsene Wenger tells Arsenal he wants to sign new two-year deal https://t.co/yIAlD9AjLV
— MailOnline Sport (@MailSport) March 29, 2017
Навивачите на „топџиите“ се поделени, едни сакаат да му го видат грбот на Венгер, додека други го поддржуваат.
„Навивачите сакаат титула и на овој начин не му прават добро на Арсенал. Клубот е во полуфинале од ФА Купот. Венгер мора да продолжи да работи, но ако се случи тоа мора да промени многу работи. Тоа е најважното нешто и за него и за клубот. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Пирес.