Дома Фудбал Останато Солари синоќа го испрати Иско на трибините, но тој веднаш му се одмазди

Солари синоќа го испрати Иско на трибините, но тој веднаш му се одмазди

Реал Мадрид ја игра една од најлошите сезони во последните десет години и најверојатно Реал оваа сезона ќе ја заврши без трофеј во Лигата на Шампионите, Ла Лига и Купот на Кралевите.

„Кралскиот клуб“ од натпреварувањето во Купот на Кралевите се збогуваше минатата среда кога Барселона ги победи на „Бернабе“ со 3:0, а само неколку дена подоцна во новото Ел Класико Барса славеше со 1:0 во Ла Лига каде што имаат 12 бода повеќе од Реал.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Но, најголемата катастрофа за овој клуб се случи синоќа, бидејќи никој не очекуваше дека Реал ќе испадне уште во осмина финалето од Лигата на Шампионите. По што го победија Ајакс на гости со 2:1, синоќа дожвиеаа вистинска бламажа, бидејќи холандскиот тим победи со 4:1 и се пласира понатаму.

Деновите на Сантиаго Солари се одброени и тој сигурно нема да биде тренер на „Кралевите“ следната сезона. Неговите потези и експерименти со екипата не поминаа добро, а сметката ја платија искусните играчи на овој тим кои со сезони ја носеа играта на Реал, како Марсело, Иско и Бејл.

Иско синоќа уште еднаш беше понижен, бидејќи не се најде ниту во конкуренција за натпреварот и дури два часа пред натпреварот дозна дека ќе биде на трибините. Меѓутоа, Иско не го послуша Солари и налутено го напуштил „Бернабеу“ иако тренерот му рекол дека мора да седи на трибини.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Иско не сакал да влезе ниту во клупскиот автобус и влегол во својот приватен автомобил кој заминал во непознат правец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погба му фрлил црна магија на Мбапе!?

Килијан Мбапе дефинитивно ги преживува најтешките моменти во кариерата и не игра на препоз…