Дома Фудбал Италија Легендарниот Џилардињо стана тренер!

Легендарниот Џилардињо стана тренер!

gilardinho

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Алберто Џилардињо започна тренерска кариера.

Легендарниот напаѓач самостојната кариера како тренер ја започнува во италијанскиот четвртолигаш Рекато. Средината за Џилардињо нема да биде непозната затоа што досега во овој клуб тој работеше како тренер.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Рекато во овој момент е петти во Б групата од Серија А, односно на местото кое води во плејофот за повисок ранг, а поранешниот напаѓач на Парма и Милан ќе се обиде да помогне овој клуб да го направи најголемиот успех во својата историја.

Џилардињо во кариерата како играч стана светски шампион со репрезентацијата на Италија во 2006 на Мундијалот во Германија. Богатата фудбалска кариера овој легендарен фудбалер ја заврши минатиот септември во редовите на Спезија.

Во својата кариера освен за Спезија настапуваше за Пјаченца, Верона, Парма, Милан, Фиорентина, Џенова, Болоња, Гвангжу Евергранде, Палермо, Емполи и Пескара. Најмногу се прослави во дресот на Фиорентина (118 настапи, 48 погодоци) и Милан (94 настапи 48 голови).

Во неговата кариера вкупно настапи на 544 натпревари и беше стрелец на 199 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…